Корисничко име Лозинка Пријави се
27.8.2018

Роналдо не знае за гол, но уште е фаворит за прв стрелец

Букмејкерите му веруваат на Португалецот, како втор и трет фаворит за прв стрелец на Серија А се Аргентинците Игуаин и Икарди

Кристијано Роналдо би требало да биде прв стрелец во италијанскиот шампионат за сезоната 2018/19, барем според коефициентите на букмејкерите. Иако по првите две кола, Португалецот нема постигнато гол, сепак тој убедливо останува главен фаворит за титулата најдобар стрелец во Серија А. 
Мнозинството Италијанци се среќни што Роналдо уште нема дадено гол, бидејќи така докажуваат дека нивната лига е поцврста од шпанската и потешко се постигнуваат и примаат голови, но веројатно само прашање на време е кога Кристијано ќе почне да ги решета мрежите. 
Како главни конкуренти на Роналдо за признанието се Гонзало Игуаин од Милан и Мауро Икарди од Интер. И Игуаин уште нема дадено гол, но одигра само еден меч, додека Икарди еднаш се запиша во листата на стрелци. Зад нив се Чиро Имобиле од Лацио и Един Џеко од Рома, кој беше прв стрелец во Италија пред две сезони.  

 

Најнови вести