Корисничко име Лозинка Пријави се
26.8.2018

Меч на денот: Реал во Џирона сигурно прима гол?

Куртоа од 2011 наваму, секогаш ја вади топката од мрежа на својот прв меч во сезоната

Доколку вечерва од 22.15 часот на голот на Реал Мадрид застане Тибо Куртоа, големи се шансите „кралскиот клуб“ да прими барем еден гол на гостувањето кај Џирона. Белгиецот е еден од најдобрите светски голмани што го докажа и на Мундијалот во Русија, но во последните шест години, тој секогаш прима голови на првиот меч во сезоната.

Куртоа уште го немал своето деби на голот на Реал, но нема да биде изненадување ако вечерва застане меѓу стативите, а Кејлор Навас остане на клупата. Малерот на Куртоа трае откако во август 2011, последен пат ја зачува мрежата. Тоа беше неговиот прв меч за Атлетико Мадрид. Од 2012 до 2017, секогаш на првиот настап во сезоната, примаше голови.

Во минатата сезона, Реал беше понижен на стадионот „Монтиливи“. Мадридскиот тим водеше со 1-0, а загуби со 1-2. И вечерва ќе биде пеколно, 14.500 непријателски настроени каталонци ќе бидат 12-тиот играч на Џирона, но гостите се фаворити на хартија. За првпат сезонава, во почетниот тим на Реал ќе биде и Лука Модриќ, а единствената дилема на тренерот Лопетеги е дали во одбраната покрај Рамос да биде Начо или Варан. 

Во нашата понуда, двојката е со коефициент 1.37, „иксот“ е 5.00, а за победа на Џирона е 7.70. За домашните, и реми би бил успех, но сакаат да го повторат ланскиот успех. 


Најнови вести