Корисничко име Лозинка Пријави се
07.3.2018

Емери: Елиминaцијата не е крај на светот, но испаѓањето од топ 16-те...

И покрај големите парични вложувања, ПСЖ ниту оваа сезона нема да го подигне пехарот на Лигата на шампионите бидејќи испадна уште на стартот на елиминациската фаза.

Минатата сезона, во осминафиналето Барселона беше кобна за Парижаните, а оваа година кобен беше Реал, кој во реваншот славеше со 2-1.
Унаи Емери, тренерот на ПСЖ, по натпреварот изјави дека Реал заслужено се пласирал понатаму.
„Реал реагираше подобро од нас. Сакавме да нападнеме што посилно, но нивниот прв гол ни ги намали шансите, како и црвениот картон што го добивме“, изјави тренерот на ПСЖ.
„Елиминацијата од Реал не е разочарување, но од осминафиналето е. Но првиот натпревар беше клучен, иако бевме подобри од нив во текот на 80-те минути. Сега 60 отсто го контролираа натпреварот, ние не успеавме да постигнеме многу во нашите 40 отсто“, додаде менаџерот на францускиот клуб.
„Сакаме да го освоиме ова натпреварување што побрзо. Ќе продолжиме да бидеме трпеливи и да градиме тим кој ќе успее во тоа. Сигурен сум дека можеме да го освоиме ова натпреварување. Навивачите еден ден ќе го дочекаат пехарот во Париз“, изјави Емери.

Најнови вести