Корисничко име Лозинка Пријави се
28.2.2018

Нејмар го пропуштa Реал, ќе паузира најмалку шест седмици

Нејмар, првата ѕвезда на ПСЖ, ќе отсуствува од теренот најмалку шест седмици поради повреда, изјави неговиот татко Нејмар Сантос постариот.

Нејмар се повреди во текот на натпреварот во неделата, кога ја скрши метатарзалната коска во стапалото и го истегна глуждот.
Унаи Емери, тренерот на парискиот клуб, изјави дека Бразилецот има мали шанси да заигра против Реал Мадрид во реванш-натпреварот од осминафиналето на Лигата на шампионите, во вторник, на шести март, на „Паркот на принцовите“.
Неговиот татко изјави дека ПСЖ веќе знае дека не може да смета на Нејмар.
„Лечењето ќе трае од шест до осум седмици, без оглед дали ќе му биде извршена операција“, изјави Нејмар Сантос за ЕСПН Бразил.
Нејмар минатиот август од Барселона направи трансфер во ПСЖ за рекордни 222 милиони евра, а постигна 29 погодоци во 30 натпревари.
Во првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите на „Сантијаго Бернабеу“, ПСЖ изгуби од Реал со 1-3.
ПСЖ е прв на табелата на француското првенство со 14 бода повеќе од Монако.

 

Најнови вести