Корисничко име Лозинка Пријави се
27.11.2017

Монтела доби отказ, Гатузо нов тренер на Милан

Италијанскиот фудбалски гигант Милан го смени тренерот Винченцо Монтела и за наследник го именуваше поранешниот првотимец Џенаро Гатузо.

Веста „росонерите“ ја потврдија на официјалниот профил на „Твитер“ по еден ден откако Милан на „Сан Сиро“ ремизираше без голови со Торино во натпреварот од 14-тото коло на Серија А.
Монтела со тимот во којшто летоска е вложено повеќе од 200 милиони евра на засилувања бележеше променливи резултати, а причина за отказот се само трите победи на претходните 11 натпревари во сите натпреварувања.
На негово место е поставен Џенаро Гатузо, менаџерот на младиот тим на Милан, некогашниот трофеен фудбалер на клубот со десет освоени трофеи, меѓу кои се и двете шампионски титули на Италија и на Европа.
Деби ќе има на трети декември против најслабата екипа во Лигата, на гости кај Беневенто.

Најнови вести