Корисничко име Лозинка Пријави се
03.10.2017

Инцидент во Полска – навивачите на Легија ги тепаа играчите

Фудбалерите на Легија од Варшава се претепани од страна на нејзините навивачи по поразот од Лех, пренесуваат тамошните медиуми.

Екипата на Легија се наоѓа на осмото место по 11 одиграни кола, а незадоволството кај навивачите кулминираше по убедливиот пораз од Лех Познањ.
Актуелниот шампион на Полска на гостувањето изгуби со 3-0, што му беше втор пораз по ред, а вкупно петти на 11 натпревари во Екстракласа.
По враќањето од гостувањето во неделата, група жестоки навивачи на Легија ги дочекале играчите и ги повикале на разговор. Фудбалерите знаеле дека ги чекаат тешки зборови, но не очекувале дека физички ќе бидат нападнати.
Како што пренесуваат медиумите, навивачите не им нанеле тешки физички повреди на играчите, но удари, пред сè по тилот, и тоа како имало.
Сето тоа траело околу десетина минути, а откако сè завршило, некои хулигани довикувале дека повторно ќе ги пречекаат доколку пак им се случи тоа.
При нападот не реагирал никој, бидејќи немало обезбедување наоколу. Цезари Кухарски, поранешниот играч на Легија и сега агент на Роберт Левандовски, изјави дека го осудува овој напад и додаде дека е незамисливо да го прават тоа навивачите.

Најнови вести