Корисничко име Лозинка Пријави се
03.12.2014

УЕФА: Легија на два натпревари без публика

УЕФА ја казни Легија од Варшава со играње два натпревари пред празни трибини на својот стадион поради расистичко однесување на навивачите.

Легија е казнета и парично со 105.000 евра откако нејзините навивачи на натпреварот од Лигата на Европа ги навредуваа играчите на белгискиот клуб Локерен на расна основа, а предизвикаа и инциденти со употреба на пиротехнички средства.
Средбата во Локерен на 28-ми ноември заврши со победа од 1-0 на домаќинот, но Легија претходно обезбеди пласман во вториот круг од натпреварувањето.
Полскиот шампион во двомечот од квалификациите за Лигата на шампионите беше поуспешен од Селтик (6-1), но беше исфрлен од Лигата на Европа бидејќи во завршницата на вториот натпревар во составот имаше играч кој не бил регистриран.
Легија претходно веќе беше казнета поради навивачки нереди на натпреварот против Металист од Харков и истакнување забранет транспарент против УЕФА на средбата против Актобе поради исфрлањето од квалификациите за Лигата на шампионите.

Најнови вести