Корисничко име Лозинка Пријави се
09.2.2016

Левандовски ги одбил Сити и Реал, добил нов договор во Баерн

Агентот Цезари Кухарски кој е застапник на напаѓачот на Баерн Роберт Левандовски изјави дека полскиот напаѓач ќе го продолжи договорот и така го демантираше неговото заминување на крајот од сезоната.

Кухарски ги отфрли тврдењата дека Левандовски го договорил заминувањето во Реал Мадрид како бесмислици.
„Нема разговор со Реал Мадрид, само шпекулации. Постојат многу гласини околу Роберт поради моментот во кој се наоѓа. Во секој преоден рок се споменува негово заминување од Баерн, но морам да нагласам дека не сме преговарале со ниеден тим. Во моментов разговараме само околу продолжувањето на договорот и верувам дека Левандовски ќе биде награден“, изјави Кухариски за „Полсат Спорт“.
За одличниот напаѓач најголем интерес покажа Реал Мадрид, а се шпекулираше дека и Пеп Гвардиола сакал да го поведе со себе во Манчестер сити.
Левандовски во моментов е првиот стрелец на Баварците со 27 постигнати голови на 29 натпревари во сите натпреварувања.

Најнови вести