Корисничко име Лозинка Пријави се
24.9.2015

За Левандовски најдобра би била Шпанија

Агентот на фудбалерот од Баерн Минхен Роберт Левандовски изјави дека неговиот клиент во еден момент може да го напушти клубот и да отиде во Шпанија.

Тој ја отфрли можноста дека ќе направи трансфер во еден од клубовите од Манчестер.
За Левандовски минатата година беа заинтересирани Реал Мадрид, Манчестер сити и Манчестер јунајтед, но тој одлучи како слободен играч од Борусија Дортмунд да отиде во Баерн Минхен.
„Натпревар како оној против Волфсбург сигурно многу му помага на фудбалерот да ја зголеми цената. Во главата имам план за остатокот на кариерата на Роберт. Дали тој план би можело да го одведе во Манчестер? Таму секогаш е врнежливо. Минхен е многу поубаво и подобро место за живот“, изјави Кухарски за полските медиуми.
Левандовски постигна пет голови во победата на Баерн над Волфсбург од 5-1, а неговиот агент Цезари Кухарски мисли дека тоа на неговиот клиент ќе му ја зголеми цената на пазарот.
„Шпанија? Тоа е веројатно најдобар амбиент за професионален фудбалер“, додаде агентот.
Левандовски оваа сезона во првите шест кола на Бундеслигата постигна осум голови. Неговиот договор со Баерн му истекува во јуни 2019 година.

Најнови вести