Корисничко име Лозинка Пријави се
23.11.2016

Рекорд на Лигата на шампионите: 12 голови во Дортмунд

Фудбалерите на Борусија Дортмунд и на Легија од Варшава го соборија рекордот на Лигата на шампионите според бројот на постигнати голови на еден натпревар.

Германскиот и полскиот тим во средбата без резултатско значење одиграа „натпревар во ватерполо“, 85.000 навивачи на „Вестфален“ видоа дури 12 погодоци!
Дури седум гола беа постигнати во рок од само 22 минути во првото полувреме, а уште пет во другите 45 минути.
Хет-трик оствари Марко Ројс, двократен стрелец за Борусија беше Шинџи Кагава, додека три асистенции имаше Усман Дембеле.
Два погодоци за Легија даде Александар Пријовиќ, кој ја погоди и стативата, третиот е дело на Немања Николиќ, кому му асистираше Мирослав Радовиќ.

Најнови вести