Корисничко име Лозинка Пријави се
03.11.2016

Зидан: Јас сум виновен

Зинедин Зидан, тренерот на Реал Мадрид, ја презеде одговорноста за неочекуваното реми во Варшава со Легија (3-3) во Лигата на шампионите.

Реал ја пропушти првата топка на натпреварот за да го завери пласманот во осминафиналето, ја испушти предноста од два гола во првото полувреме, а потоа од пораз го спаси Матео Ковачиќ со голот во 85-тата минута.
„Не сум изненаден како се одвиваа работите во чудниот натпревар. Не одигравме онака како што очекувавме пред празните трибини и нема изговор. Кога ќе постигнеш два гола, не смееш да го пуштиш педалот на гасот. Беше тешко и јас сум виновен за овој резултат“, изјави Зидан.
Францускиот тренер додаде дека верува дека Реал многу научил од натпреварот со Легија, за да не се случува да не го приведе натпреварот мирно до самиот крај.
„Кога имаш 2-0, мораш да размислуваш, да играш повнимателно и позатворено, но ние не го направивме тоа. Мораме што побрзо да го заборавиме овој натпревар“, додаде Зидан.
Реал во следното коло гостува кај Спортинг во Лисабон на 22-ри ноември.

Најнови вести