Корисничко име Лозинка Пријави се
20.9.2017

Бензема во Реал до 2021 година, клаузула од милијарда евра!

Францускиот фудбалер Карим Бензема го продолжи договорот со Реал Мадрид на уште две сезони, што значи дека дресот на „кралевите“ ќе го носи најмалку до 2021 година, соопшти шпанскиот и европски шампион.

Бензема има 29 години, неговиот досегашен договор му истекуваше во 2019, а во Мадрид дојде во 2009 година од Лион.
Со Реал освои 14 трофеи, вклучувајќи ги трите во Лигата на шампионите и двете титули во Примера лигата.
Како што пренесуваат медиумите од Пиринејскиот Полуостров, Французинот ќе заработува 7,5 милиони евра годишно, а откупната клаузула изнесува дури милијарда евра.
Тој е четврт првотимец кој во изминатите седум дена го продолжи договорот, по Иско, Марсел и Дани Карвахал.

 

Најнови вести