Корисничко име Лозинка Пријави се
07.2.2017

Манчини ќе го преземе Милан на крајот на сезоната?

Роберто Манчини, некогашниот тренер на Интер, налето ќе го преземе Милан, тврди „Кориере дело спорт“.

Како што се наведува, Манчини е желба на новите кинески сопственици на „росонерите“, коишто процесот на преземање на клубот од долгогодишниот претседател Силвио Берлускони ќе го завршат на трети март.
Сегашниот тренер Виченцо Монтела ја изгуби довербата, и покрај освојувањето на Суперкупот на Италија, по трите врзани порази во Серија А.
Доколку оваа работа се реализира, Манчини ќе стане четврт тренер кој во кариерата ги водеше двата клуба од Милано, по Џовани Трапатони, Алберто Ѕакерони и Леонардо.
Од друга страна, некогашниот менаџер на Манчестер сити често изјавуваше дека целта му е да се врати во Премиер лигата, каде што беше шампион со Манчестер сити, а се споменува дека, во случај Славен Билиќ да не ја заврши сезоната во Вест хем, Манчини е меѓу кандидатите и за клупата на „чеканите“.

Најнови вести