Корисничко име Лозинка Пријави се
14.11.2016

Кејн ја напушти репрезентацијата на Англија

Хари Кејн, напаѓачот на Тотенхем, ја напушти репрезентацијата на Англија пред пријателскиот натпревар со Шпанија за да закрепне од повредата.

Дваесет и тригодишниот фудбалер одигра само 73 минути за Тотенхем откако го повреди глуждот на натпреварот со Сандерленд на средината на септември.
Герет Саутгејт, селекторот на Англија, го повика Кејн за последната репрезентативна акција во 2016 година, но не играше во дуелот со Шкотска во петокот во квалификациите за Светското првенство 2018 година.
„Тренинзите што ги имаме ние не се такви какви што му се потребни на Хари во овој момент. Немав намера да биде стартер, но мислам дека има друга програма за тренинг за разлика од нас“, изјави Саутгејт.
Селекторот на Англија не повика замена за Кејн, па како опции во нападот ги има Даниел Стариџ, Џејми Варди, Маркус Рашфорд, Вејн Руни и Тео Волкот.
Дуелот меѓу Англија и Шпанија на програмата е утре, на „Вембли“.

Најнови вести