31.10.2016 Реал во проблеми: Пепе надвор од редовите
Португалецот Пепе поради повреда на бутниот мускул на ногата ќе мора да паузира некое време.
Дополнителните лекарски тестови ќе ја утврдат тежината на повредата и колку долго Пепе ќе мора да отсуствува од теренот.
Искусниот дефанзивен играч повредата ја заработи во раната фаза на натпреварот од десеттото коло на Примера лигата против Алавес во гости и Зидан уште во 24-тата минута беше принуден да го менува, па на негово место во игра влезе Начо.
Зидан во претстојниот период ќе биде без двајцата стартни стопери бидејќи и капитенот Серхио Рамос моментно закрепнува од повредата на коленото и би требало да се врати во погон кон крајот на ноември.
Под овие околности, стоперскиот пар би требало да го сочинуваат Рафаел Варан и Начи Фернандез.