24.9.2016 Греј суспендиран на четири натпревари
Андре Греј, напаѓачот на Барнли, е суспендиран од страна на ФА поради навредливи коментари на „Твитер“ и нема да може да игра во наредните четири натпревари.
Греј е казнет поради коментарите на „Твитер“ уште од 2012 година, во кои ги навредувал хомосексуалците. Суспензијата стапува на сила веднаш, па Греј, кој постигна еден гол оваа сезона, и тоа во победата над Ливерпул, нема да игра против Ватфорд.
Играчот, исто така, ќе мора да плати 25 илјади фунти.