Корисничко име Лозинка Пријави се
23.7.2016

Борусија го декласираше Манчестер јунајтед

Фудбалерите на Борусија Дортмунд го совладаа Манчестер јунајтед со 4-1 во пријателскиот натпревар кој беше одигран во Шангај.

Во првиот натпревар на Меѓународниот куп на шампиони, Борусија беше многу подобар противник и забележа убедлив триумф.
Двајцата тренери изведоа мешана постава, а натпреварот беше решен во првото полувреме кое беше завршено со резултат 2-0 за германскиот тим.
Двократен стрелец за „милионерите“ беше Гонзало Кастро, а мрежата на англискиот клуб ја затресоа уште и Пјер-Емерик Обамејанг од пенал и Усман Дембеле, додека единствениот стрелец за „црвените ѓаволи“ беше Хенрих Мхитарјан.
Во првиот натпревар на меѓународниот турнир, Дортмунд делуваше подобро и правеше повеќе шанси.
По 20 минути игра, Дортмунд поведе со1-0 со голот на Гонзало Кастро. Тој најдобро се снајде по слободниот удар и обидот на Дембеле, ја испрати одбиената топка директно во мрежата на противникот.
Петнаесетина минути подоцна на семафорот беше 2-0, Антонио Валенсија играше со рака во казнениот простор, а сигурен изведувач на пеналот беше Обамејанг.
До крајот на второто полувреме Борусија имаше иницијатива, но до паузата немаше голови.
Почетокот на второто полувреме не донесе премногу шанси, но Дембеле во 57-та минута покажа дека пред него е светла иднина. Младиот Французин постигна фантастичен погодок, прво го надмудри голманот на средината на теренот, потоа ја префрли играта на Маркус Рохо и ја испати топката директно во мрежата на противничкиот гол.
Веќе во следниот напад Јунајтед успеа да ја намали разликата на 3-1 преку Маркус Рашфорд.
Кога се чинеше дека „црвените ѓаволи“ ќе тргнат во офанзива, се случи токму спротивното тие го загубија ритамот, а точката на натпреварот ја стави Кастро со својот втор погодок. Германскиот играч за врска одлично шутираше од дваесет метри, праќајќи ја топката во горниот лев агол.
Жозе Мурињо не можеше да смета на Златан Ибрахимовиќ кој нема да биде на турнејата со клубот во Кина.
Во следниот натпревар Јунајтед игра со градскиот противник, Манчестер сити на 25-ти јули, додека пак Дортмунд три дена подоцна ќе ги пречека „граѓаните“.

Најнови вести