Корисничко име Лозинка Пријави се
14.7.2016

Ерик Кантона со урнебесно видео за ЕВРО 2016

„Несреќно, болно, без контрола... Така Португалија конечно ја загуби невиноста на ЕВРО. Но нели е така секогаш првиот пат? Мене сигурно ми беше.“ Ерик Кантона ги сумираше впечатоците за конечното освојување на големиот трофеј на момчињата на големата фудбалска нација.

Великанот на Манчестер јунајтед и големиот ексцентрик во светот на фудбалот во низа видеа на свој начин го коментираше финалето на ЕВРО споредувајќи го со катастрофа од библиски размери, поточно со инвазија на мали инсекти кој Бог ги испратил во Египет бидејќи нивниот суров фараон Рамзес II одбил да го ослободи израелскиот народ од сојузниците.
„Завршниот натпревар ги имаше сите елементи на модерната трагедија: Илјадници молци се упатија кон теренот како прво од десетте библиски зла, потоа следеше второто зло, жабите. Потоа само прогласениот најдобар фудбалер на светот го напушти теренот на носила, плачејќи како дете чиј соништа се срушени, за еден час подоцна да воскресне како тренер. Тоа објаснува зошто толку многу Португалци се викаат Исус!“

Најнови вести