Корисничко име Лозинка Пријави се
12.7.2016

Венгер уморен од критиките на Анри

Поранешниот напаѓач на Арсенал Тиери Анри побара дозвола од менаџерот на „топчиите“ Арсен Венгер да ја преземе јуниорската екипа, но искусниот стручњак не му дал позитивен одговор, пренесува „Телеграф“.

Во последните неколку месеци Анри работеше со децата од академијата на Арсенал, а кога ја доби тренерската лиценца за категоријата А сакаше да проба на повисоко ниво. Првиот човек од јуниорската академија на клубот од Лондон, Андриес Јонкер му ја предложи позицијата на тренер на тимот до 18 години, а тој се согласи но Венгер беше против.
Имено, Венгер е убеден дека тренерот на младиот тим на Арсенал мора да биде стручњак кој ќе биде фокусиран само на оваа работа, а Анри исто така е стручен консултант на телевизија. Французинот беше подготвен да работи бесплатно, но тоа не го убеди Венгер дека неговиот сонародник е вистинската личност за таа работа.
Меѓутоа некои извори наведуваа дека менаџерот на „топчиите“ има страв од конкуренцијата и дека токму Анри наскоро би можел да го предизвика и евентуално да го заземе неговото место. Како резултат на целата оваа приказна, младиот тренер е присилен да го напушти клубот за да може да напредува.
„Сан“ пренесува дека Венгер одлучил да се ослободи од клупската легенда, бидејќи е „уморен од неговите критики по медиумите“.
Тренерот е незадоволен од острите критики на Анри на медиумите, честа мета му беше Оливие Жиру, а во една прилика изјави и дека „Арсенал нема шампионски менталитет“.
Венгер од Анри побара да ја напушти работата на телевизијата, каде добива 5 милиони фунти, но некогашниот ас на „топчиите“тоа го одби.

Најнови вести