Корисничко име Лозинка Пријави се
29.6.2016

Монтела на клупата на Милан

До сега не успеаја Кларенс Сидорф, Филипо Инзаги, Синиша Михајолвиќ и Кристијан Броки, дали Милан ќе погоди со четвртиот млад тренер?

Новиот тренер на „росонерите“ е уште еден човек кој блескаше на теренот до пред неколку години, Винченцо Монтела.
Некогашниот италијански репрезентативец како нов тренер ги водеше младите категории на Рома, Катанија, Фиорентина, а минатата сезона беше на чело на Сампдорија.
Монтела со Милан потпиша две годишен договор кој на сила стапува од 1-ви јули, а по сезона ќе заработува 2,3 милиони евра.
Милан ѝ плати на Сампдорија отштета од половина милион и му се заблагодари на Броки за покажаниот ентузијазам.
Италијанскиот гигант од 2011 година не знае за трофеј во Серија А, а последните две години не учествуваше во меѓународните натпреварувања.

Најнови вести