17.5.2016 Ветераните го напуштаат Арсенал, Артета ја заврши кариерата
Тројца играчи на Арсенал официјално го напуштија тимот по завршувањето на сезоната во Премиер лигата.
Ветераните Томаш Росицки, Матје Фламини и Микел Артета се вишок во составот на Венгер за следната сезона.
Навивачите на Арсенал со громогласен аплауз ги поздравија Росицки и Артета на последниот натпревар сезонава во натпреварот со Астон вила.
Шпанецот вчера соопшти дека нема намера да игра за некој друг клуб и со тоа и стави крај на својата кариера.
Претходно неколку години блескаше во дресот на Евертон, а започна во школата на Барселона.
Тој на последниот натпревар за „топчиите “ постигна гол во победата против Астон вила со 4-0.