Корисничко име Лозинка Пријави се
26.10.2011

ФИФА ја проширува истрагата

Светската фудбалска федерација соопшти дека ќе покрене истрага против уште десет функционери на својата организација поради вмешаност во корупција.

Истрагата ќе биде спроведена против шест функционери од карипските земји, за кои се претпоставува дека учествувале во аферата на чие чело беше поранешниот кандидат за претседател на ФИФА, Мохамед бин Хамам од Катар.

Хамам доживотно е суспендиран од Светската фудбалска федерација затоа што е утврдено дека им давал мито на челниците на фудбалските федерации од некои земји од Карибите во замена за нивниот глас за него на изборите за претседател на ФИФА следната година.

Резултатите од истрагата ќе бидат предадени на извршниот орган за етика во текот на наредниот месец.

Меѓу осомничените се наоѓа и поранешниот премиер на Доминиканска Република, Патрик Џон, како и генералниот секретар на фудбалската федерација на Тринидад и Тобаго, Оливер Кемпс.

Најнови вести