Корисничко име Лозинка Пријави се
29.4.2016

Бензема неизвесен за реваншот со Сити

Центарфорот на Реал Мадрид Карим Бензема ја повреди тетивата на десната нога и неговиот настап во реванш натпреварот во полуфиналето од Лигата на шампионите против Манчестер сити е неизвесен.

Реванш натпреварот ќе се одигра во Мадрид на 4-ти мај.
Како што соопшти „кралскиот клуб“, Бензема се повреди во вторникот во текот на натпреварот со Сити во Манчестер и беше заменет на полувремето.
Реал соопшти дека лекарите ќе продолжат да ја пратат состојбата на Бензема, но дека францускиот фудбалер најверојатно ќе го пропушти натпреварот во првенството против Реал Сосиедеад.
Дополнителен проблем за Зинедин Зидан е и повредата на Кристијано Роналдо, кој не играше на „Етихад“ и е исто така неизвесен за реванш натпреварот.
По 35 кола во шпанското првенство Реал го зазема третото место на табелата со 82 бода и има бод помалку од Барселона и Атлетико Мадрид.

Најнови вести