Корисничко име Лозинка Пријави се
12.4.2016

Отказ за Михајловиќ, Броки нов тренер на Милан

Синиша Михајловиќ повеќе не е тренер на Милан, неговата замена е Кристијан Броки, тврдат италијанските медиуми.

Михајловиќ е сменет два дена по поразот од лидерот во Серија А, Јувентус (2-1) на „Сан Сиро “.
Српскиот стручњак летоска ги презема „росонерите“, потроши 90 милиони евра за трансфери, но на шест кола пред крајот на сезоната го зазема шестото место на табелата. 
Иако Милан се пласираше во финалето на Купот, целта беше Лигата на шампиони, а третата позиција која води во квалификациите за елитното натпреварување е оддалечена за 15 бодови, кои веројатно се недостижни.
Со месеци се најавува смената на Михајловиќ, но шпекулациите ги смири серијата од девет натпревари без пораз во текот на јануари и февруари, а потоа следеше серија од пет кола без победа која сè уште трае.
Михајловиќ е сменет пред гостувањето на Сампдорија со која минатата сезона оствари неочекувано добар резултат.
Неговата замена е поранешниот играч на „росонерите“, Броки, кој започна во Милан и кој во 2014 година го презема младиот тим од Филипо Инзаги, кој одеше по истиот пат, но исто така беше брзо сменет.
Броки во понеделникот имаше тричасовна вечера со сопственикот на клубот Силвио Берлускони во неговата вила.
Тој е петти тренер на Милан во последните три години.

Најнови вести