Корисничко име Лозинка Пријави се
18.2.2016

Дракслер: Ако играме повторно вака ќе поминеме понатаму

Фудбалерот на Волфсбург, Јулијан Дракслер, изјави дека верува во пласман на својот тим во четврт-финалето во Лигата на шампионите по триумфот на гостувањето кај Гент со 3-2.

Дракслер беше двократен стрелец во триумфот на својот тим во првиот натпревар во осминафиналето, додека третиот гол за тимот од градот на Фолксваген го постигна Макс Крузе. Иако гостите имаа предност од 3-0 во последните десет минути примија два гола, што фрли сенка на нивниот успех.
„Одигравме добар натпревар. Не е добро што примивме два гола, но имаме можност да поминеме во следната фаза. Секогаш сум среќен кога ќе постигнам гол, а Лигата на шампионите е нешто посебно, сакам да играм во ова натпреварување. Ова дефинитивно е добар резултат за нас, а ако играме вака и на реванш натпреварот, ќе продолжиме понатаму“, изјави Дракслер.
Реванш натпреварот се игра на 8-ми март во Волфсбург.

Најнови вести