Корисничко име Лозинка Пријави се
30.1.2014

Перо Антиќ ќе настапува на Олстар-викендот

Македонскиот кошаркар Перо Антиќ е избран за учество на претстојниот Олстар-викенд, што ќе се одржи од 14-ти до 16-ти февруари во Њу Орлеанс.

Поради одличните настапи, Антиќ беше награден од страна на тренерите во тимовите на НБА, кои ги избираат учесниците на Рајзинг старс челинџ, дуелот меѓу дебитантите и играчите на кои оваа им е втора сезона во најсилниот кошаркарски шампионат во светот.
Нашите кошаркарски фанови уште пред еден месец покренаа иницијатива Антиќ да биде избран за овој спортски настан, а таа беше пренесена преку американските медиуми, но пресудно за овој избор беа одличните настапи на македонскиот кошаркар во дресот на Атланта хокс.
Антиќ го искористи отсуството поради повреда на Ал Хорфорд и стана одлична опција во стартната петорка на Хокс. Тој моментно е повреден, но се прогнозира дека ќе успее навреме да закрепне за да настапи на спектакуларниот натпревар, на кој тренери на тимовите ќе бидат легендите на НБА, Шекил О’Нил и Чарлс Баркли.

Најнови вести