Корисничко име Лозинка Пријави се
30.12.2015

Реал е подготвен да плати 45 милиони за Пјаниќ

Реал Мадрид сака да го ангажира фудбалерот на Рома, Миралем Пјаниќ, пренесува шпанскиот весник „Марка“.

„Марка“ наведува дека управата на Реал остварила средба со агентот и таткото на фудбалерот, но додаде и дека пречка во тој трансфер може да бидат 45-те милиони евра, колку што е откупната клаузула на Пјаниќ.
Претседателот на Реал, Флорентино Перес, според пишувањата на „Марка“ е подготвен да плати 45 милиони евра и да го доведе Пјаниќ во јануари.
Миралем Пјаниќ во Рома дојде во 2011 година од Лион, а покрај Реал за него се интересираат Барселона и Баерн Минхен.

Најнови вести