Корисничко име Лозинка Пријави се
26.11.2015

Гарсија го делат четири натпревари од отказ

Тренерот на Рома, Руди Гарсија, доби ултиматум да извојува победа на следните четири натпревари или во спротивно ќе се соочи со отказ.

Рома славеше една победа во последните три кола од Серијата А, а во вторникот доживеа голем пораз од Барселона со резултат од 6-1 во Лигата на шампионите.
Поради тоа римските весници „Масаџеро“ и „Република“ тврдат дека претседателот на клубот Џејмс Палота, истакнувајќи дека имало „премногу лоши моменти“, му поставил ултиматум на Гарсија, да ги победи Аталанта, Торино, БАТЕ Борисов и Наполи или во спротивно ќе добие отказ.
Како можни наследници се споменуваат поранешниот тренер Фабио Капело и Лучијано Спалети, како и Валтер Мацари и Карло Анчелоти.

Најнови вести