Корисничко име Лозинка Пријави се
24.11.2015

Гарсија: Еден бод би било одлично против Барселона

Тренерот на Рома, Руди Гарсија, би бил презадоволен од еден освоен бод на гостувањето кај Барселона денес во Лигата на шампионите.

Додека пак Каталонците само еден бод ги носи во осминафиналето, Рома би можела да го загрози својот пласман во втората рунда бидејќи има само еден бод повеќе од Баер Леверкузен, а два од БАТЕ Борисов.
„Реми е доволно за Барселона да се пласира понатаму, а ние не би имале ништо против да освоиме бод на ’Камп ноу’. Нормално дека сакам да оствариме победа, но многу малку тимови се тие кои што тоа можат да го сторат  тоа со Барселона на домашен терен“, изјави Гарсија.
Рома и Барселона ремизираа во првиот натпревар на „Олимпико“ со 1-1, во првото коло во Лигата на шампионите во средината на септември.
Барселона во саботата го порази својот најголем противник Реал Мадрид со 4-0, додека пак Рома играше нерешено во Болоња и постигна резултат 2-2.

Најнови вести