Корисничко име Лозинка Пријави се
21.11.2015

Четири години суспензија за Адеми

Фудбалерот на Динамо Загреб, Аријан Адеми, е суспендиран на четири години, поради допинг.

Адеми беше позитивен на допинг тестот по неочекуваната победа на „модрите“ над Арсенал во првото коло на Лигата на шампионите.
Тој веднаш е суспендиран, а откако примерокот од тестот беше позитивен следуваше и најстрога можна казна, која ќе го оддалечи од теренот цели четири години.
„Тешко ми е со зборови да опишам како се чувствувам во моментов. Не сум виновен, знам дека не сторив ништо погрешно, а добив ваква драстична казна. Ужасно се чувствувам“, изјави Адеми за хрватски „Индекс“.
Македонскиот репрезентативец е роден во мај 1991 година, а на фудбалот ќе му се врати на 28 години и ќе ги пропушти најдобрите години од својата кариера.
„Како клуб сме шокирани и крајно непријатно изненадени од ваквиот расплет на настаните. Ќе направиме сè што можеме да бидеме со нашиот Аријан во овие тешки времиња. Ќе работиме цврсто и одлучно, како што тој секогаш се бореше во дресот на Динамо и сигурни сме дека тоа ќе го прави уште многу пати“, соопшти Динамо.
Адеми има 24 години, роден е во Шибеник, а потоа помина во Динамо. За Хрватска одигра три натпревари, но откако селекторот Нико Ковач не го поведе  на Мундијалот во Бразил, тој се премисли и стана репрезентативец на Македонија, чиј дрес го носеше до сега четири пати.

Најнови вести