Корисничко име Лозинка Пријави се
04.11.2015

Гарсија: Мораме да го победиме Баер

Тренерот на Рома, Руди Гарсија, изјави дека неговата екипа нема избор и мора да победи во дуелот со Баер Леверкузен.

„Првиот меч со Баер покажа дека Рома е опасна во нападот, но и дека има одредени слабости во одбраната. Ние немаме избор, ќе играме на победа, како и секогаш. Мораме да победиме. До овој момент во групата никој не испаднал и никој не поминал понатаму. Знаеме дека ни е потребна победа и ќе пробаме да дојдеме до неа", изјави Гарсија.
Рома на свој терен го дочекува Баер во четвртото коло од групата Е во Лигата на шампиони.
По 3 одиграни кола екипата на Руди Гарсија се наоѓа на последната позиција со два освоени бода, додека Баер е втор со шест бода. Барселона е лидер во групата со седум бода, а Бате е трет со три бода.
Натпреварот се игра од 20.45 часот.

Најнови вести