Корисничко име Лозинка Пријави се
20.10.2015

Шмит: Победа против Рома за осминафинале

Роџер Шмит, тренерот на фудбалерите на Баер од Леверкузен, изјави дека неговата екипа ако ја победи Рома, може да направи голем чекор кон осминафиналето.

„Денес имаме голема шанса да направиме голем чекор кон осминафиналето. Потребна ни е победа, така и ќе играме“, изјави Шмит на конференцијата за медиумите.
Баер ја дочекува Рома во натпреварот од третото коло на групата Е во Лигата на шампионите.
По две одиграни кола, германската екипа е втора на табелата со три освоени бодови, односно има еден бод помалку од првопласираната Барселона, додека Рома е последна само со еден освоен бод.
„Во овој момент имаме мал проблем со ефикасноста, но и покрај тоа, играме добар фудбал и сигурен сум дека ќе почнеме да погодуваме... Во изминатата година и пол во Лигата на шампионите покажавме дека на секоја екипа можеме да ѝ направиме проблем“, додаде Шмит.
Рома нема славено во Германија 15 години, а Руди Гарсија, тренерот на италијанскиот тим, изјави дека неговата екипа во денешниот натпревар ќе се обиде да го промени тоа.
„Знаеме дека Баер има добар тим, имаат врвни играчи, но овде дојдовме по добар резултат. Тоа ќе биде голем натпревар. Поминаа 15 години откако Рома победи во Германија и ние ќе се обидеме да го промениме тоа“, изјави Гарсија.
Натпреварот меѓу Баер Леверкузен и Рома се игра вечерва, од 20.45 часот.

Најнови вести