Корисничко име Лозинка Пријави се
15.9.2015

Јувентус има проблеми, Маркисио еден месец надвор од теренот

Италијанскиот шампион потврди, Клаудио Маркисио еден месец ќе помине надвор од теренот.

Фудбалерот од средината на теренот минатиот викенд против Киево го почна својот прв натпревар во новата сезона, но на полувремето беше принуден да ја напушти играта поради повреда.
Деталните испитувања ги потврдија стравувањата, Маркисио еден месец ќе помине надвор од теренот поради повреда на бутниот мускулот, односно адукторот.
„Прогнозата во врска со должината на закрепнувањето при ваква повреда е 30 дена“, соопшти медицинскиот тим на италијанскиот клуб.
Поради тоа, Маркисио ќе ги пропушти натпреварите против: Џенова, Фрозиноне, Наполи, Болоња, како и денешниот дуел против Сити, но и следниот против Севилја во Лигата на шампионите.
Маркисио би требало да биде подготвен за дербито со Интер, кое е закажано на 18-ти октомври.

Најнови вести