Корисничко име Лозинка Пријави се
11.9.2015

Ван Хал: Мартијал го доведов поради Гигс, тој ќе биде мој наследник

Луис ван Хал, менаџерот на Манчестер јунајтед, изјави дека најскапото засилување Антони Мартијал ќе му биде од поголема корист на Рајан Гигс, бидејќи мисли дека Велшанецот ќе биде негов наследник.

Лис ван Хал го доведе 19-годишниот француски напаѓач за 80 милиони евра со бонусите, но изјави дека верува дека Мартијал ќе му се исплати на клубот дури во иднина.
„Зошто го платив толку? Живееме во луд свет. Не го зедов Мартијал поради мене, туку поради следниот менаџер на Јунајтед. Чувствувам дека тоа ќе биде Гигс“, изјави Ван Хал.
Гигс целата играчка кариера ја помина во Јунајтед, а потоа стана помошен тренер во стручниот штаб на тимот.
За 24 години на „Олд Трафорд“ одигра 963 натпревари и постигна 168 голови, а освои: 13 титули во Премиер лигата, две на Лигата на шампионите, четири пати ФА купот, три пати Лига купот, девет пати Комјунити шилд, Супрекупот на УЕФА и два пати Светското клупско првенство.

Најнови вести