Корисничко име Лозинка Пријави се
01.9.2015

Чичарито во Леверкузен за десет милиони евра

Мексиканскиот центарфор Хавиер Ернандес Чичарито е нов играч на Баер од Леверкузен, потврдено е на интернет-страницата на германскиот клуб.

Ернандес со „фармацевтите“ потпиша тригодишен договор, а клубот од Леверкузен на Манчестер јунајтед му платил оштета од десет милиони евра, плус бонуси.
Репрезентативецот на Мексико не беше во плановите на тренерот Луис ван Хал, особено по доаѓањето на Мемфис Депај, кој со добрите игри се наметна на почетокот на сезоната.
Мексиканецот кој почна во Гвадалахара, од 2010 година беше член на тимот од „Олд Трафорд“, за кого настапи во 103 натпревари и постигна 37 голови. Минатата сезона ја помина на заем во Реал Мадрид, во кого постигна седум голови, вклучувајќи го и голот против Атлетико од Мадрид за пласман во полуфиналето на Лигата на шампионите.

Најнови вести