Корисничко име Лозинка Пријави се
05.8.2015

Лига на шампиони: Динамо во плејофот по „лудницата“ во Молде

Фудбалерите на Динамо од Загреб се пласираа во плејоф-квалификациите за влез во Лигата на шампионите по драматичното реми од 3-3 во Молде.

Во првиот натпревар резултатот беше 1-1, па хрватскиот шампион се пласира понатаму поради повеќе постигнати голови во гости.
Натпреварот во Норвешка беше целосно неверојатен, домаќинот искористи само еден од трите пенали, а Динамо за малку ќе ја испуштеше предноста од 3-0.
Сè почна во осмата минута, кога Камара очајно го изведе пеналот и го префрли голот, додека Динамо постигна три гола само за пет минути.
Во 17-тата минута Пјаца го искористи невниманието на одбраната на домаќинот, три минути подоцна Адеми зголеми на 2-0, а Рог уште во 22-рата минута погоди за 3-0. До крајот на полувремето, Хусаин намали во 43-тата минута, две минути подоцна голманот го одбрани пеналот на Синг, а во продолжението се случуваше вистинска драма.
Домаќинот го искористи дури третиот пенал, во 52-рата минута погоди Елиунуси, а Камара на 15 минути пред крајот го постави конечниот резултат. Пред тоа, во 72-рата минута беше исклучен Форен поради два жолти картони.
Исклучувања имаше и на Кипар, и тоа за домаќинот. Митјиланд поведе со голот на Свјатченко уште во третата минута, а по исклучувањето на Оливеира во 30-тата, имаше еден час да постигне гол кој би ги одвел во плејофот. АПОЕЛ сепак успеа да се одбрани и да оствари голем успех.
Огромно изненадување имаше во Амстердам, каде што Рапид го победи Ајакс со 3-2 и го исфрли холандскиот тим по 2-2 во првиот натпревар во Австрија. Гостите на полувремето водеа со 2-0 со головите на Бериќ и Шауб. Ајакс успеа да се врати и да изедначи, головите ги постигнаа Милик во 53-тата и српскиот репрезентативец Немања Гудељ во 75-тата минута, но Шауб со својот втор гол во 77-мата минута го постави конечниот резултат.
Најмалку проблеми, според очекувањата, вчера имаше Монако, кој уште во првиот натпревар веќе заврши голем дел од работата против Јанг бојс, кога славеше со 3-1. Во реваншот францускиот тим проработи во второто полувреме, а головите за убедлив триумф ги постигнаа: Карвалјо, Курзава, Мартиал и Ел Шарави.

Квалификации за Лигата на шампионите, трето коло:
АПОЕЛ – Митјиланд 0-1 (прв натпревар 2-1)
Молде – Динамо Загреб 3-3 (1-1)
Ајакс – Рапид 2-3 (2-2)
Монако – Јанг бојс 4-0 (3-1)

Среда:
Партизан – Стеауа (1-1)
Базел – Лех (3-1)
Скендербег – Милсами (2-0)
Астана – Хелсинки (0-0)
Карабаг – Селтик (0-1)
Викторија – Макаби Тел Авив (2-1)
БАТЕ – Видеотон (1-1)
Малме – Ред Бул (0-2)
Клуб Бриж – Панатинаикос (1-2)
Спарта – ЦСКА (2-2)
Шахтар – Фенербахче (0-0)

Најнови вести