Корисничко име Лозинка Пријави се
03.6.2015

Ван Перси: Размислувам да си заминам

Робин ван Перси, фудбалерот на Манчестер јунајтед, изјави дека сите опции ги држи отворени пред последната година од договорот со „црвените ѓаволи“.

Холандскиот фудбалер по повредата, на теренот се врати на крајот на сезоната, но не успеа да се избори за редовно место во стартните 11.
„Клубот мора да го одработи своето, а морам и јас. Ова е нова ситуација. Ќе седнам мирно и ќе разгледам сè. Имам амбиција да играм секоја недела. Чувствувам дека сум подготвен и мислам дека можам да играм уште неколку години. Запомнете ги моите зборови“, изјави Ван Перси, кој на „Олд Трафорд“ дојде во 2012 година од Арсенал.
„Морам да бидам реален, а морам да размислувам и за своето семејство“, додаде Холанѓанецот.
Ван Перси изјави дека требало да постигне барем уште шест голови повеќе од тие што ги постигна во штотуку завршената сезона, која ја заврши со десет погодоци.
„Луѓето едноставно не прифаќаат дека постигнав само десет голови. Всушност, тоа е комплимент бидејќи очекуваат повеќе од мене врз основа на она што го можам на теренот. Бев најдобар стрелец на клубот со Хуан Мата, а зад Вејн Руни, кој имаше 14 голови. Не е добро за голем клуб каков што е Манчестер јунајтед да нема играч кој постигнува 20 или повеќе голови секоја сезона, и затоа завршивме четврти“, изјави Ван Перси.

Најнови вести