Корисничко име Лозинка Пријави се
23.4.2015

Анчелоти: Чичарито го заслужи голот

Карло Анчелоти, тренерот на Реал Мадрид, изјави дека Хавиер Ернандес го заслужил голот против Атлетико Мадрид, со којшто кралскиот клуб избори пласман во полуфиналето на Лигата на шампионите.

„Хавиер Ернандес беше одличен. Одигра многу добро и заслужи да постигне гол. Не добиваше многу шанси оваа сезона, но ме радува тоа што беше подготвен кога најмногу ми беше потребен. Тој е вистински професионалец“, изјави Анчелоти.
Тренерот на Реал не го криеше задоволството за партиите на неговите избраници, особено поради тоа што беше без услугите на Герет Бејл, Карим Бензема и Лука Модриќ, како и без суспендираниот Марсело.
„Одигравме добар натпревар, ја контролиравме играта од почетокот до крајот. Имавме добар посед на топката, не им дозволивме да организираат контри и бевме силни при прекините. Баравме решение и го пронајдовме во последните минути“, изјави Анчелоти.
Покрај Реал, пласман во полуфиналето на Лигата на шампионите изборија и Јувентус, Баерн Минхен и Барселона, а ждрепката е закажана за утре напладне во Нион.

Најнови вести