Корисничко име Лозинка Пријави се
10.3.2015

Конте најдобар во Серија А во 2014 година

Антонио Конте, селекторот на Италија, е добитник на наградата Златна клупа за најдобар тренер на Серија А во 2014 година.

Пред да ги преземе „аѕурите“, Конте со Јувентус ја одбрани шампионската титула на Италија и со 102 бода постави нов рекорд на Серија А.
Второто место во изборот го освои Винченцо Монтела, тренерот на Фиорентина, додека трет е Руди Гарсија од Рома.
Конте трета година по ред е добитник на Златната клупа, а претходно наградата ја имаат освоено Жозе Мурињо, Карло Анчелоти и Марчело Липи.
Во текот на кариерата Конте ги водеше и Арецо, Бари, Аталанта и Сиена.

Најнови вести