Корисничко име Лозинка Пријави се
09.3.2015

Руди Гарсија: Да игравме уште три часа, немаше да дадеме гол

Руди Гарсија, тренерот на фудбалерите на Рома, изјави дека е многу лут и разочаран по ремито без голови со Киево, кое уште повеќе ја оддалечи „волчицата“ од лидерот Јувентус и од борбата за титулата.

„Игравме лошо и во тоа е разликата во однос на ремито што го одигравме неодамна (против Јувентус). И да бевме уште три часа на теренот, не  би постигнале гол. Ова беше ужасен натпревар“, изјави Гарсија за „Скај спорт Италија“, а пренесува „Бета“.
Јувентус има осум бодови повеќе од Рома и натпревар помалку.
„Во првото полувреме воопшто не го препознав својот тим. Единствена позитивна работа е тоа што и покрај лошата игра, успеавме да освоиме бод во гости, но тоа не е причина за славење“, додаде Гарсија.

Најнови вести