07.2.2015 Тевес неизвесен за дербито со Милан
Најдобриот стрелец во Серија А, Карлос Тевес, би можел да го пропушти претстојното дерби на неговиот Јувентус со Милан.
Аргентинецот наводно имал грип и слаба грозница поради што според италијанските медиуми би можел да го пропушти денешниот дуел со „росонерите“.
Денеска медицинскиот тим на италијанскиот шампион ќе направи нови прегледи и ќе реши дали Тевес е подготвен за игра против Милан. Аргентинскиот напаѓач сезонава во калчото постигна 13 голови, а шестпати беше асистент.
Јувентус е лидер на Серија А со 50 бодови и има седум бода повеќе од второпласираната Рома пред 22 коло.
Милан е во криза и има само две победи во 2015 година, но славеше во претходното коло против фенерџијата Парма со 3-1.
Од последните четири меѓусебни дуели, Јувентус победи на три, вклучувајќи го и последниот на „Сан Сиро“ на крајот на септември со 1-0.