Корисничко име Лозинка Пријави се
12.11.2014

Босна и Херцеговина против Израел без напаѓачи

Сафет Сушиќ, селекторот на Босна и Херцеговина, го одведе својот тим на Светското првенство во Бразил, но оттогаш постојано е критикуван поради својата тактика.

Покрај одличниот напаѓачки фудбал во квалификациите за Мундијалот, Сушиќ во Бразил одведе само двајца напаѓачи – Ведад Ибишевиќ и Един Џеко.
Позната е и неговата изјава дека Босна и Херцеговина може да игра и со лажни деветки како Барселона, но пред дуелот со Израел, Сушиќ остана без решение во нападот.
„Ибишевиќ доживеа фрактура на коската на стапалото на крајот на октомври, а бидејќи Сушиќ не сакаше да повика некој неискусен играч, одлучи Џеко да му биде единствен напаѓач. Но, излезе нов проблем пред самиот собир, напаѓачот на Манчестер сити го повреди листот и ќе отсуствува од теренот три седмици.

Најнови вести