Корисничко име Лозинка Пријави се
02.9.2017

Италија без Кјелини против Шпанија и против Израел

Искусниот италијански стопер Џорџо Кјелини поради повреда нема да му биде на располагање на селекторот Џанпјеро Вентура во натпреварите од квалификациите за Светското првенство во Русија 2018 година.

Дефанзивниот играч на Јувентус го повреди глуждот на десната нога во текот на подготовките на „аѕурите“ и вчера се врати од тренинг-кампот на репрезентацијата во Торино.
Кјелини поради повредата ќе ги пропушти важните натпревари во квалификациите за Мундијалот против Шпанија на втори септември во Мадрид и три дена подоцна против Италија во Реџо Емилија.
Не се знае дали Кјелини ќе биде во конкуренција за натпреварот од Серија А против Киево на деветти септември, како ниту за натпреварот од Лигата на шампионите против Барселона на 12-ти септември.
Италија по шест одиграни натпревари во квалификациите, го дели првото место во групата Г со Шпанија. Двете екипи имаат по 16 бодови, но „фуријата“ има подобра гол-разлика.

Најнови вести