Корисничко име Лозинка Пријави се
20.10.2014

Маран на клупата на Киево

Киево има нов тренер - Роландо Маран го замени Еуџенио Корини, кој беше отпуштен поради лошите резултати.

Киево во саботата изгуби на гостувањето кај Рома со 3-0 и по петтиот пораз оваа сезона, се наоѓа во зоната за испаѓање.
Педесет и едногодишниот Маран е поранешен долгогодишен играч и капитен на клубот од Верона, а во текот на тренерската кариера водеше повеќе италијански клубови. Последната работа му беше во Катанија, каде што доби отказ минатата сезона.
„Ова е многу емотивен момент за мене, двојна радост, бидејќи речиси целата играчка кариера ја поминав во Киево. Сега кога се вратив како тренер, се надевам дека повторно ќе ги доживеам емоциите што ги имав тие години“, изјави Маран
Корини, претходникот на Маран, е прв отпуштен стручњак во Серија А оваа сезона.

Најнови вести