Корисничко име Лозинка Пријави се
06.7.2012

Мајкл Бредли се пресели во Рома

Репрезентативецот на Соединетите Американски Држави, Мајкл Бредли, е новото засилување за Рома, а на неговото доаѓање од Киево инсистираше новиот тренер на „волчицата“, Зденек Земан.

Дваесет и петгодишниот Бредли, син на поранешниот селектор на САД, Боб Бредли, вчера ги помина лекарските прегледи во Рим, по што потпиша четиригодишен договор со римскиот клуб вреден 800.000 евра по сезона.
Не е позната отштетата која ќе ја добие Киево, а италијанските медиуми шпекулираат со износ од три милиони евра.
Бредли во составот на „летачките магариња“ стигна пред почетокот на минатата сезона во која одигра важна улога во екипата на тренерот Доменико ди Карло која на крајот го зазема респектабилното десетто место во италијанската Серија А.

Најнови вести