25.10.2017 Бонавентура надвор од теренот три седмици
Џакомо Бонавентура, фудбалерот на Милан, нема да може да тренира најмалку три седмици, соопштија од клубот.
Играчот од средината на теренот има проблеми со мускулот кој се наоѓа во близина на коленото и поради тоа ќе мора да паузира.
Бонавентура поради тоа нема да биде во протоколот за натпреварот од десеттото коло на Серија А со Киево, кој се игра вечерва, од 20. 45 часот.
Фудбалскиот клуб Милан лошо ја почна сезоната, па по девет одиграни кола, се наоѓа на единаесеттото место со 13 бодови.