Корисничко име Лозинка Пријави се
12.11.2013

Киево го отпушти Санино

Денеска се случи и втората тренерска смена во италијанската Серија А за 24 часа откако Киево го отпушти Џузепе Санино поради серијата лоши резултати.

Киево од Верона моментно се наоѓа на последното место на табелата на Серија А со шест освоени бодови од 12 натпревари.
Санино на клупата на Киево дојде летоска на местото на Еуџенио Корини.
Според наводите на италијанските медиуми, всушност Корини е еден од главните кандидати да го замени Санино.
Покрај него, како можни тренери на Киево се споменуваат Доменико ди Карло и Кармине Гаутиери.

Најнови вести