02.5.2018 Киево го отпушти тренерот
Фудбалскиот клуб Киево го отпушти тренерот Роландо Маран по серијата лоши резултати.
Киево нема победа во последните шест кола на италијанскиот шампионат, а сè кулминираше со поразот од Рома со 4-2.
На Маран ова му беше четврта сезона во клубот, а на претходните три го водеше Киево до опстанок во Серија А.
Киево наведе дека Лоренцо Д’Ана, тренерот на младинскиот клуб и поранешен капитен, ќе го води тимот во последните три натпревари од сезоната.
Ова беше десетта смена на тренер во Серија А оваа сезона. Киево се наоѓа во зоната за испаѓање со 31 освоен бод.