Корисничко име Лозинка Пријави се
17.9.2014

Тевес постигна гол во Лигата на шампионите по 1.988 денови

Аргентинецот Карлос Тевес конечно ја прекина клетвата и постигна гол во Лигата на шампионите по пауза од 1.988 денови.

Тевес по пет и пол години ја затресе мрежата во елитното натпреварување, и тоа два пати за победата на Јувентус над Малме со 2-0.
„Искрено, не ми недостасуваа голови во Лигата на шампионите. Важно е тимот да победува, а не кој постигнува голови. Им благодарам на навивачите, секогаш се покрај нас и многу ни значи тоа“, изјави Тевес.
Аргентинецот последниот гол во Лигата на шампионите пред овие два го даде за Манчестер јунајтед, во април 2009 година во ремито од 2-2 со Порто. Иако освојуваше титули во Англија и во Италија, беше клучен играч на големи тимови, тој во кариерата постигна само девет голови на 53 натпревари во Европа.
„Победата на Олимпијакос над Атлетико Мадрид ја искомплицира ситуацијата во групата. Ништо не е завршено. Ќе има уште многу возбудувања и мора да продолжиме да собираме бодови“, изјави Тевес повеќе за тимот отколку за погодоците.
Јувентус во следното коло на први октомври гостува кај вицешампионот на Европа, Атлетико Мадрид, кој би имал големи проблеми ако повторно биде поразен.


Најнови вести