Корисничко име Лозинка Пријави се
10.9.2014

Видал ќе паузира три седмици

Артуро Видал, фудбалерот на Јувентус, поради повреда ќе го пропушти натпреварот од првото коло на Лигата на шампионите со Малме, а му претстои пауза од најмалку три седмици.

Видал неодамна се врати во Торино по обврските во репрезентацијата на Чиле, каде што повторно ја обнови повредата на бутниот мускул.
Јувентус во првото коло на 16-ти септември во Торино ќе го дочека Малме на стартот на Лигата на шампионите, а Видал покрај таа средба, ќе ги пропушти и првенствените натпревари со Удинезе, Милан, Чезена и Аталанта.
Доколку паузата потрае повеќе од три седмици, Видал би можело да го пропушти и дербито на Серија А со Рома, како и дуелот против Атлетико од Мадрид во Лигата на шампионите.  Минатата сезона Видал за шампионот на Италија одигра 46 натпревари и постигна 18 голови.

Најнови вести